Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија Милош Теодосиќ вели дека не верувал дека неговата екипа може да игра толку добро и дека ќе се потрудат да ги победат САД и да го освојат олимпиското злато.
-Колку и да сум верувал во оваа екипа, не верував дека можеме олку добро да играме. Покажавме карактер и она за што зборувавме сиве овие години, дека тимскиот дух е нешто… не знам, изјави Теодосиќ веднаш по натпреварот.
Србија се пласира во финалето на Олимписките игри во Рио откако ја совлада Австралија со убедливи 87-61.
-Препрасна победа, извонреден натпревар. Да се запре Австралија на 14 поени во полувреме е нестварно. Во првата примивме 95 од нив, изјави српскиот капитен и дидаде дека не му пречи што ќе се создаде еуфорија по големата победа.
-Зошто да нема еуфорија, мала работа ли е да се игра олимписко финале? Покажавме дека сме одлични во екипните спортови, одбојка, ватерполо. Останува да жалиме што изгубија копаркарките, но Србите треба да се горди на секој учесник на ЛОИ.
Според него тешко ќе биде во финалето против САД.
-Ќе ја играме својата игра и че се потрудиме да дадеме се од себе на теренот, па ќе видиме дали ќе биде тоа доволно за огромна сензација, вели Теодосиќ.
Србија ќе се бори за златниот медал на ЛОИ во Рио в недела од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.