Српската пејачка Рада Манојловиќ имала сообраќајна несреќа во Травник, БиХ, кога несовесен возач ја удрил од позади.
– Рада имала закажан настап во Травник и пристигнала многу порано. Таа има многу пријатели во Босна, па слободното време го користи да се види со сите. Затоа и позајми возило од еден пријател, за да полесно се движи низ градот- открива упатен извор.
Сепак, малери се случуваат, па додека чекала на семафор, од зади ја удрило друго возило толку силно што се активирало и воздушното перниче.
Ударот предизвикал штета на автомобилот, а за среќа Рада не е повредена. Секако, момчето од другиот автомобил ја признало вината и ќе ја надокнади штетата. На крајот, дури и ја замолил Рада за фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.