Елена Исинбаева, руската двојната олимписка шампионка и светска рекордерка во скок со стап, свика вонредна прес конференција во Рио де Женеиро и ја соопшти одлуката дека ја завршува својата кариера, овој пат дефинитивно.
-Ве повикав за да ви соопштам дека одлучив да ја завршам кариерата. Среќна сум што ги остварив своите соништа, ги освоив сите можни медали, титули, добив доверба и ги освоив срцата на фановите од целиот свет – изјави руската атлетичарка.
Исинбаева не настапи на ОИ во Рио бидејќи атлетичарите од Русија беа суспендирани поради допинг скандалот. Во својот прошателен говор, Исинабева имаше и порака за Меѓународната атлетска федерација (ИААФ).
-Кога стигнав во Бразил реков дека никогаш никому нема да му простам затоа што сум исфрлена од Игрите на таков неправеден начин. Но, сега се предомислив. Јас не судам. Ако претседателот на ИААФ верува дека направиле вистинска работа, тоа ним нека им оди на душа. Јас ќе им простам, но, Бог ќе им суди – рече 34-годишната Исинбаева.
Елена Исинбаева освои златни медлаи во скок со стап на ОИ во 2004 и во 2008, а на ОИ 2012 во Лондон беше „бронзена“. Таа е и повеќекратна европска и светска шампионка и дури 28 пати во кариерата го урна светскиот рекорд во својата дисциплина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.