Холандската полиција во Амстердам заплени над 1,3 милиони евра скриени под резервното тркало во автомобил.
Парите ги откриле со помош на тренирани кучиња- трагачи.
Во истата истрага во претрес на куќа откриени се и 13 килограми кокаин.
Полицијата соопшти дека уапсила три лица албански државјани, двајца мажи и една жена. Тие се осомничени за трговија со дрога и перење пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


