Преку отворената телефонска линија 143-400 и во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Македонија за девет дена се собрани над 648 илјади евра. Телефонски пре=ку мобилните оператори се собрани 210 илјади евра, а на жиро сметката за донации, заклучно до 15 часот вчера биле собрани 438 илјади евра.
-Телефонската линијата за донации ќе биде отворена 15 дена, односно до 21 август. Продолжувањето на акцијата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и на правните субјекти за донации. Потоа ќе направиме пресек и на јавноста ќе и презентираме сè. Парите што ќе бидат собрани ќе им се поделат на трансакциска сметка на настраданите откако ќе се направи проценка на штетата- велат од Црвениот крст.
На сметката за донации до пред два дена донирале над 70 компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи
-
Две години од поплавите во кои загинаа 22 лица: Никогаш да не ни се повтори!


