Ордените за воени заслуги што денеска ги добија Одделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи од Претседателот на државата Ѓорге Иванов се признанија за нивната подготвеност, професионалност и служба на граѓаните и на државата. Како припадник на Министерството за внатрешни работи особено сум горд на ова признание за двете Единици, ова го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска на Церемонијата за доделување на Ордени за воени заслуги.
Во името на Одделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при Министерството ордените ги примија Помошник на директорот Маринко Кочовски, како и Командантот на Единицата Бранко Трајановски.
Граничната полиција, организирана согласно европските стандарди за гранично работење спроведува ефикасни гранични проверки на граничните премини и граничен надзор на зелената граница. Граничната полиција особен придонес даде во справување со предизвиците произлезени од мигрантската криза Единицата за обука и поддршка, освен примарната задача – заштита на безбедноста на Република Македонија во услови на сложена безбедносна состојба, во последните неколку години редовно е ангажирана и за поддршка на Регионалните центри за гранични работи. Единицата, од 2013 година континуирано е ангажирана за заштита на јужната државна граница и справување со илегалната миграција.
Претседателот на Република Македонија, Неговата екселенција, Ѓорге Иванов искажувајќи благодарност до припадниците на Министерството за внатрешни работи истакна дека чувајќи ја границата од заканата од илегална миграција тие го зачуваат суверенитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево