| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Оставка ми бараат тие што го испокрадоа Скопје

Скоп­је е укра­ден град и СДСМ го све­ду­ва на мес­на за­ед­ни­ца. Од­зе­мен му е се­вкуп­ни­от имот со кој рас­по­ла­гал. Од­зе­ме­ни му се па­за­ри­те, гро­би­шта­та, ГТЦ, не­ко­гаш­ни­от ПУ­ИК, „Топ­ли­фи­ка­ци­ја“, „Град­ски ап­те­ки“... Ба­ра­ње­то оста­вка е са­мо по­ли­тич­ки мар­ке­тинг, со­би­ра­ње по­ли­тич­ки по­е­ни; се­га пре­не­се­те им не­ка по­ве­лат на те­рен да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, има­ме вре­ме да ди­ску­ти­ра­ме за оста­вка­та, ве­ли Тра­ја­нов­ски

По­сто­ја­но на те­рен во ко­ор­ди­ни­ра­ње, но и со лич­но учес­тво во рас­чи­сту­ва­ње­то. Де­се­ти­на де­на по­тоа, ка­ква е со­стој­ба­та?

Тра­ја­нов­ски: Со­стој­ба­та по­ле­ка се ста­би­ли­зи­ра. На­ви­сти­на бе­ше ка­та­стро­фал­на. Мо­рам да изра­зам жа­ле­ње за за­гу­бе­ни­те жи­во­ти и со­чув­ство за се­мејс­тва­та. Ова е ед­на еле­мен­тар­на не­по­го­да ко­ја, спо­ред екс­пер­ти­те, се слу­чу­ва ед­наш во 1.000 го­ди­ни, ед­на биб­ли­ска ка­та­стро­фа. Пра­ктич­но се слу­чи фе­но­мен. Во­де­на­та ма­са ко­ја па­ту­ва од Ја­дран­ско Мо­ре пре­ку Гр­ци­ја, Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во пре­ку Шар Пла­ни­на ја ми­ну­ва Ма­ке­до­ни­ја на па­тот кон Ср­би­ја, Бу­га­ри­ја, Ро­ма­ни­ја и на­го­ре во тој дел, но се слу­чи во де­лот на Скоп­ска Цр­на Го­ра таа да за­ста­не за мо­мент и се фор­ми­ра­ше таа воз­душ­но-во­де­на ма­са, ко­ја е ви­со­ка и дол­га 12 ки­ло­ме­три и таа за­ста­на ток­му над се­ла­та Цре­ше­во и Смил­ков­ци, зна­чи во ре­о­нот на Ра­штак, Бу­ла­ча­ни, Стра­чин­ци кон Ара­чи­но­во. Таа во­де­на ма­са за кра­ток пер­и­од се исту­ри на тој ре­ги­он. Ние све­до­чев­ме за 800 гр­мо­те­ви­ци, зна­чи 800 су­ди­ри на об­ла­ци­те, со што пра­ктич­но се праз­ни таа во­де­на ат­мо­сфер­ска ма­са да пад­не до­лу. И са­кам да по­тен­ци­рам де­ка таа пад­на најм­но­гу во пла­нин­ски­от дел што е стр­мен и на­со­чен кон се­ла­та Смил­ков­ци, Цре­ше­во, Ви­ни­че, Стра­чин­ци, Бр­њар­ци, мал­ку дој­де до Бу­ла­ча­ни, а таа огром­на во­де­на ма­са со ви­си­на, ве­лат де­ка во дол­ни­те де­ло­ви кај Стај­ков­ци и Син­ѓе­лиќ би­ла ви­со­ка и до два ме­три, ури­ва­ла сѐ пред се­бе. Пр­во се по­го­де­ни Смил­ков­ци, Цре­ше­во, Ви­ни­че, Стра­чин­ци, Бр­њар­ци и таа од та­му се дви­жи на­до­лу, уди­ра во оби­кол­ни­ца­та, ја ми­ну­ва, за жал, мно­гу во­зи­ла што се дви­же­ле по неа би­ле за­фа­те­ни и го­лем број од во­зи­ла­та би­ле од­не­се­ни ре­чи­си до пр­ви­те ку­ќи во Стај­ков­ци и де­лот во Син­ге­лиќ, осо­бе­но де­лот Ка­ме­ник. Но­се­ни се по 500-1000 ме­три по по­ле­то, ду­ри ед­но во­зи­ло бе­ше ка­че­но три ме­три на под­воз­ни­кот и ту­ка ви­се­ше со бра­ни­кот. При­тоа има­ше и чо­веч­ки жр­тви од тие во­зи­ла. Во­де­на­та ма­са по­тоа вле­гу­ва во Стај­ков­ци и Син­ѓе­лиќ, се про­би­ва во ку­ќи­те, дел оди дес­но кон Ин­џи­ко­во и кон Чен­то. Но, та­му ве­ќе не­ма кал би­деј­ќи е по­ур­бан дел. Но, и Стај­ков­ци и Син­ѓе­лиќ се за­фа­те­ни со мно­гу кал до­не­се­на од ни­ви­те од Цре­ше­во, Смил­ков­ци, ни­ви­те око­лу оби­кол­ни­ца­та и таа во­де­но-кал­ли­ва ма­са уди­ра во ку­ќи­те, дво­ро­ви­те, ули­ци­те, во што се од­не­се­ни над 20 жи­во­ти, мно­гу до­би­ток стра­да, ов­ци, ку­чи­ња, сви­њи, кра­ви. По­тоа поч­ну­ва да се дви­жи кон Илин­ден, до­а­ѓа во де­лот на Ара­чи­нов­ски Ша­мак, хо­те­лот „Бел­ви“ и ту­ка го при­фа­ќа, вле­гу­ва во ка­на­лот. Но, и тој не мо­же да ја при­ми це­ла­та во­да и ги поп­ла­ву­ва пр­ви­те ку­ќи од оп­шти­на Илин­ден, осо­бе­но оној дел над па­тот кон Ку­ма­но­во. За­фа­те­но е ед­но го­ле­мо по­драч­је, од ед­на огром­на во­де­на ма­са ко­ја за кра­тко вре­ме ури­ва сѐ пред се­бе.

 

Се по­ја­ви­ја мно­гу об­ви­ну­ва­ња и шпе­ку­ла­ции, па со ред. По­пу­штил ли на­си­пот кај Смил­ков­ско Езе­ро, тоа бе­ше ед­на од шпе­ку­ла­ци­и­те?

Тра­ја­нов­ски: Не. Та­му има две езе­ра, Смил­ков­ско и Стај­ков­ско, кое не го спо­ме­ну­ва­ат мно­гу за­тоа што е по­ма­ло и над­вор од па­тот, по­да­ле­ку. Не е по­пу­штен ни­ту тој на­сип. Зна­чи не се ра­бо­ти за не­што што ние сме мо­же­ле да го спре­чи­ме во смис­ла де­ка не е на­пра­вен до­бар на­сип, па тоа ги поп­ла­ви­ло. И да би­ло та­ка, тоа езе­ро не­ма та­ква ко­ли­чи­на во­да што пад­на за оваа еле­мен­тар­на не­по­го­да.

 

Koce-Trajanovski-int207-4

Да од­го­во­ри­ме на след­но­то: Има или не­ма ат­мо­сфер­ска и фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја во тој дел на оп­шти­на Га­зи Ба­ба?

Тра­ја­нов­ски: Пак ќе по­тен­ци­рам, оваа еле­мен­тар­на не­по­го­да го по­го­ди во 90 про­цен­ти ру­рал­ни­от дел на оп­шти­на Га­зи Ба­ба. Ма­ла ди­гре­си­ја; не бе­ше са­мо Га­зи Ба­ба по­го­де­на, ту­ку и дел од Бу­тел, Шу­то Ори­за­ри, во по­друм­ски­от дел, Ае­ро­дром по­крај ус­јан­ски­от ка­нал, Ки­се­ла Во­да, па­тот од Со­пи­ште, Кар­пош… Но, ту­ка се слу­чи во ру­рал­ни­от дел, во сел­ски­от дел, но во пла­ни­на­та, ка­де што во­да­та од пла­нин­ски­от дел со огром­на бр­зи­на се спу­шта на­до­лу. Та­ка што, не по­стои ат­мо­сфер­ска ни­ту фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја што мо­же да при­ми тол­ка­во ко­ли­чес­тво во­да. Ние зна­е­ме де­ка има ва­кви еле­мен­тар­ни не­по­го­ди и во Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, САД се­ко­ја го­ди­на, и се по­вто­ру­ва­ат и се нај­а­ву­ва­ат и по­втор­но не мо­жат да се спра­ват со тол­ка­ва во­де­на ма­са и не­вре­ме. Та­ка што, на­пра­ве­на е фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја во Смил­ков­ци и во Цре­ше­во, тие две се мал­ку по­го­ле­ми се­ла во по­дол­ни­от дел на Скоп­ска Цр­на Го­ра, на­пра­ве­на е фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја. Стај­ков­ци и Син­ѓе­лиќ се це­лос­но по­кри­е­ни со фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја.

 

По­мо­гна ли тоа во сос­тој­бата?

Тра­ја­нов­ски: Фе­кал­ни­те ка­на­ли­за­ции мно­гу по­мог­наа во на­ма­лу­ва­ње на ште­ти­те и во по­бр­зо исте­ку­ва­ње на во­да­та. Пр­ви­от бран и по не­го не мо­же­ше ни­ка­ква ка­на­ли­за­ци­ја, ни­ту ка­нал­ска­та мре­жа, ве­ро­јат­но по­до­лу ќе збо­ру­ва­ме и за ка­нал­ска­та мре­жа, да ја при­ми це­ла­та во­да и да не­ма ни­ка­кви пос­ле­ди­ци. Но, ка­нал­ска­та мре­жа, ат­мо­сфер­ска­та и фе­кал­на­та ка­на­ли­за­ци­ја се по­треб­ни за ко­га ќе се на­ма­лат во­ди­те, за по­кра­тко вре­ме да би­дат исте­че­ни. Но, на­пра­ве­на е фе­кал­на ка­на­ли­за­ци­ја од Стај­ков­ци, Ин­џи­ко­во, Еко­но­ми­ја, Син­ге­лиќ, пре­ку авто­па­тот Скоп­је – Ку­ма­но­во, по­крај Хи­по­дром, на Вар­дар, та­му има пре­пумп­на ста­ни­ца ко­ја ја по­ди­га во­да­та и ја пу­шта во Вар­дар. Таа ка­на­ли­за­ци­ја е пу­ште­на во 2009 го­ди­на или во 2010 го­ди­на. Таа оди­гра огром­на уло­га. Но, на­ста­на проб­лем во Ин­џи­ко­во. Има­ше проб­лем со тоа што во прв мо­мент во­да­та ја пре­пол­ну­ва ка­на­ли­за­ци­ја­та и таа поч­ну­ва да исте­ку­ва. Со ог­лед на тоа што не мо­же да ја при­ми це­ла­та во­да, поч­ну­ва да се из­ли­ва во Син­ѓе­лиќ. Во Син­ѓе­лиќ има ка­нал­ска мре­жа ко­ја мо­же­ше да ги со­бе­ре во­ди­те би­деј­ќи ка­на­лот ве­ќе поч­на да се праз­ни, со го­ле­ми­те пум­пи во­да­та од фе­кал­на­та ка­на­ли­за­ци­ја се пре­фр­ла­ше во ка­на­лот за да мо­же што по­ве­ќе во­да да ми­не низ таа ка­на­ли­за­ци­ја, дел да оди кон Вар­дар, а дел кон ка­на­лот. Та­ка што, пр­во што се на­пра­ви при по­мо­шта, Вла­да­та на­ба­ви 1.000 пум­пи од 500 и 1.000 ли­три во ми­ну­та и тие поч­наа да се рас­по­ре­ду­ва­ат по ре­ги­о­ни. Ту­ка мо­ра да спом­нам де­ка се опре­де­ли­ја ко­ор­ди­на­то­ри по ре­ги­о­ни, ме­ѓу кои бев­ме јас, ми­ни­стри­те Пе­шев­ски, Ча­вков, Ба­шким, Спа­сов, и се­ко­ја ве­чер на вла­ди­ни сед­ни­ци се ре­фе­ри­ра­ше. И по­сто­ја­но це­ло вре­ме од утро од 7 ча­сот до на­ве­чер до 20 ча­сот бев­ме во шта­бот, а по­тоа во Вла­да­та ги су­ми­рав­ме ре­зул­та­ти­те, што тре­ба да се сто­ри, што тре­ба да се ан­га­жи­ра од ме­ха­ни­за­ци­ја, пра­ктич­но на тој на­чин мно­гу по­бр­зо се спра­вив­ме со кри­за­та. Ќе по­вто­рам, не по­стои фе­кал­на и ат­мо­сфер­ска ка­на­ли­за­ци­ја, осо­бе­но во ру­рал­ни­от дел, што ќе мо­же­ше да ја при­ми во­да­та од оваа еле­мен­тар­на не­по­го­да.

Koce-Trajanovski-int207-2

Ги спом­нав­ме ка­на­ли­те и ка­нал­ски­от си­стем.

Тра­ја­нов­ски: Има ка­нал­ски си­стем во овој дел на Га­зи Ба­ба. Еден дел е од езе­ро­то Кам­ник, ис­пу­стот од Же­ле­за­ра, низ Чен­то, Ин­џи­ко­во, по­крај па­тот Скоп­је – Ку­ма­но­во пре­ку „Бел­ви“ се вклу­чу­ва во Ара­чи­нов­ски ка­нал и тој вле­гу­ва пре­ку Илин­ден, Мра­ли­но, Ка­ди­но, по­крај Др­ма, пред Пе­тро­вец око­лу Ог­њан­ци и оди во Та­ор. Има уште еден ка­нал што оди пред нап­лат­на­та рам­па и пра­ктич­но ту­ка се сли­ва­ат си­те во­ди кои до­а­ѓа­ат од Скоп­ска Цр­на Го­ра. По­крај тоа, има уште еден Обо­ден ка­нал, кој­што поч­ну­ва од Син­ѓе­лиќ, во по­мал пре­сек поч­ну­ва од Смил­ков­ско и Стај­ков­ско Езе­ро, ве­ќе на па­тот кон Стај­ков­ци е во го­лем про­фил, оди под Бр­њар­ци, оди во дол­ни­от дел на Ара­чи­но­во, под жи­ви­нар­ска­та фар­ма „Бе­лим­бе­го­во“, ми­ну­ва кон ин­ду­стри­ски­те зо­ни, над Мра­ли­но, зад Ка­ди­но, ме­ѓу Ка­ди­но и ае­ро­дро­мот ми­ну­ва над нап­лат­на­та рам­па „Пе­тро­вец“, над Ржа­ни­чи­но и по­тоа оди до Та­ор. Тој се сме­та за Обо­ден ка­нал, кој тре­ба да ги при­ми во­ди­те што до­а­ѓа­ат од Стај­ков­ци, Стра­чин­ци, Смил­ков­ци и да ги од­не­се до Та­ор. Овие ка­на­ли ре­дов­но се одр­жу­ва­ат и во де­лот под Оп­шти­на­та и во де­лот под Град Скоп­је.

 

Има ли ка­па­ци­тет си­сте­мот кај Та­ор да ги исфр­ли си­те во­ди?

Тра­ја­нов­ски: Та­ор е во Зе­ле­ни­ко­во, но ата­рот се про­сти­ра и на дру­га­та стра­на на Вар­дар. Си­те во­ди до­а­ѓа­ат та­му. Зем­ји­ште­то е по­ни­ско од ни­во­то на Вар­дар. За­тоа уште во 20-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век е на­пра­ве­на пумп­на ста­ни­ца, има и ма­ши­ни кои ра­бо­тат уште од 1935 го­ди­на и има­ат ка­па­ци­тет од 60.000 ли­три во ми­ну­та. Се­га тие се зго­ле­ме­ни со дру­ги пум­пи кои ги до­не­сов­ме за по­бр­зо и по­е­фи­кас­но ис­пум­пу­ва­ње на во­да­та. Во ед­ни нор­мал­ни вр­не­жи до 30-50 ли­три тие пум­пи си ја вр­шат функ­ци­ја­та, но во ед­ни ва­кви огром­ни поп­ла­ви, не­ма пум­пи што мо­же да по­стиг­нат. Се­га се раз­мис­лу­ва да се уд­вои тој ка­па­ци­тет. Во­да­та се­га се раз­ле­а­ла, па по­втор­но се вра­ќа во ка­на­лот по ден-два, па до­а­ѓа ка­ко ре­ду­ци­ра­на во­да без та­ков на­лет ка­ко во пр­ви­от дел кај Скоп­ска Цр­на Го­ра.

 

Koce-Trajanovski-int207-3

Во рас­чи­сту­ва­ње­то учес­тву­ваа и во­лон­те­ри, и МВР, и АРМ и си­те јав­ни прет­при­ја­ти­ја. Се до­ни­ра по­мош и од гра­ѓа­ни­те, и од ор­га­ни­за­ци­и­те, и од странс­тво. Но, има­ше ли до­вол­но бр­за ре­ак­ци­ја?

Тра­ја­нов­ски: Ре­ак­ци­ја­та бе­ше мно­гу бр­за. АРМ за ре­чи­си по­ло­ви­на час бе­ше на те­рен. Пр­во­то што се пра­ве­ше бе­ше да се спа­сат чо­веч­ки­те жи­во­ти. Ве­чер­та јас бев та­му во 21 ча­сот. Има­ше и мно­гу ре­вол­ти­ра­ни гра­ѓа­ни, јас не им за­ме­ру­вам, се­кој има­ше не­ко­ја не­сре­ќа, проб­лем, мо­же­би и за­гу­бен член на се­мејс­тво­то, та­ка што има­ат пра­во да би­дат ре­вол­ти­ра­ни. На­ше е таа ре­вол­ти­ра­ност да не ја зе­ме енер­ги­ја­та, на­про­тив, да да­де енер­ги­ја што по­ве­ќе да се ан­га­жи­ра­ме со ме­ха­ни­за­ци­ја и лу­ѓе да мо­же да по­ма­га­ат. Во пр­ви­от пер­и­од бе­ше да се спа­су­ва­ат лу­ѓе. Бев­ме за­ед­но со ми­ни­сте­рот Дритон Ку­чи, ка­де што до­а­ѓаа гра­ѓа­ни­те кај пос­лед­на 45 (авто­бу­ска­та ста­ни­ца н.з.) и ба­раа на­чи­ни ка­ко да се изв­ле­чат лу­ѓе­то. Пра­ќав­ме од спе­ци­јал­ни­те по­ли­ци­ски си­ли. Поч­наа со хер­ме­ли­ни и по­ви­со­ки во­зи­ла кои ги изв­ле­ку­ваа лу­ѓе­то. Та­ка што над 1000 лу­ѓе се спа­си­ја да не на­стра­да­ат во оваа поп­ла­ва. Во тие мо­мен­ти ко­га иде во­де­на ма­са, пр­во што спа­су­ваш, спа­су­ваш лу­ѓе. Има­ше лу­ѓе по по­кри­ви, во ку­ќи во во­да до по­јас, не­ка­де ка­де што беа за­тво­ре­ни вра­ти, про­зор­ци, се­то тоа да се про­бие, да се отво­ри, да се спа­сат жи­во­ти, да се од­не­сат на су­во. Ко­га ќе за­вр­ши ева­ку­а­ци­ја­та на лу­ѓе­то, поч­ну­ва по­тра­га­та по по­чи­на­ти­те и поч­ну­ва ва­де­ње­то на во­да­та и ис­пум­пу­ва­ње­то во ка­на­ли­те и во ка­на­ли­за­ци­и­те и чи­сте­ње­то на ули­ци­те.

 

Вие ста­на­вте дел и глав­на те­ма на днев­но-по­ли­тич­ки­те пре­фр­ла­ња. Опо­зи­ци­ја­та ба­ра оста­вка од Вас, а за вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја сте нај­до­бри­от гра­до­на­чал­ник на Скоп­је до­се­га. Ка­ко ги до­жи­ву­ва­те об­ви­ну­ва­ња­та, кол­ку тие ви од­зе­ма­ат енер­ги­ја во овие мо­мен­ти?

Тра­ја­нов­ски: Опо­зи­ци­ја­та од ме­не ба­ра оста­вка одам­на. СДСМ ба­ра оста­вка за се­кој ус­пе­шен про­ект, за се­кој на­пра­вен бу­ле­вар. На Со­ве­тот се ба­ра оста­вка за­тоа што не би­ло на­пра­ве­но во не­кој друг дел. Се­ко­гаш се гле­да на­пре­до­кот што еден чо­век и ин­сти­ту­ци­ја го на­пра­ви­ле во еден одре­ден пер­и­од. Не да­ли ги на­пра­вил ус­ло­ви­те до­бри, ту­ку ка­кви би­ле ус­ло­ви­те и кол­кав на­пре­док е по­стиг­нат. Мо­же не сме ги стиг­на­ле Бел­град и За­греб, но тре­ба да се гле­да кол­кав че­кор на­пред е на­пра­вен спо­ред ус­ло­ви­те кои се за­тек­на­ти и кол­ку се по­до­бри­ле ус­ло­ви­те за жи­ве­е­ње.

Гра­дот Скоп­је, пра­ктич­но, е укра­ден град ток­му од пар­ти­ја­та што од ме­не ба­ра оста­вка. Ко­га имаа свој пре­ми­ер и Вла­да, а ВМРО-ДПМНЕ то­гаш не бе­ше во вла­ста, од 1992 до 1998 го­ди­на, Скоп­је е укра­ден град и све­ден од таа пар­ти­ја на мес­на за­ед­ни­ца. Од­зе­мен му е се­вкуп­ни­от имот со кој рас­по­ла­гал. Од­зе­ме­ни му се си­те ста­но­ви, ПУ­ИК, кој се­га е др­жа­вен, бе­ше под Град Скоп­је. Ко­га одам на со­ста­нок со Јан­ко­виќ (гра­до­на­чал­ник на Љуб­ља­на, Сло­ве­ни­ја – н.з.) или со Бан­диќ (гра­до­на­чал­ник на За­греб, Хр­ват­ска – н.з.), Јан­ко­виќ ме пра­шу­ва да­ли има­ме ста­но­ви. Јас имам 15.000 ста­но­ви. Гра­дот Скоп­је имал 15.000, мо­же­би и 20.000 ста­но­ви, но тие со одлука стануваат државни и по­тоа ги про­да­ва или рас­пре­де­лу­ва. Исто та­ка, „Град­ски ап­те­ки“ имав­ме. Љуб­ља­на од град­ски­те ап­те­ки до­би­ва 25 ми­ли­о­ни евра го­диш­но, Јан­ко­виќ ве­ли де­ка нај­го­ле­ми­от при­ход по­крај да­но­кот на имот е от­та­му. Да ги пра­шам зо­што му се зе­ме­ни „Град­ски ап­те­ки“ на Скоп­је и ко­му му се да­де­ни? Исто та­ка, Град­ски тр­гов­ски цен­тар, ка­де што си­те ло­ка­ли беа на Гра­дот Скоп­је, кој го про­да­де и кој ги зе­ма, и ка­ко ки­ри­ја и ка­ко имот, на Град Скоп­је? По­тоа, му се од­зе­де а.д. „Бу­тел“, гро­би­шта­та се од­зе­ме­ни, тоа го не­ма ни­ка­де во ре­ги­о­нот. „Скоп­ски па­зар“? Еве, дру­ги­те гра­до­ви низ Ма­ке­до­ни­ја ги има­ат па­за­ри­те. На Гра­дот Скоп­је му ги при­ва­ти­зи­раа па­за­ри­те, што се тез­ги, под­ви­жен имот, под тез­ги­те, се­то тоа е при­ва­ти­зи­ра­но. Град Скоп­је не мо­же да ор­га­ни­зи­ра ква­ли­тет­ни па­за­ри. „Топ­ли­фи­ка­ци­ја“ бе­ше на Град Скоп­је.

Се­то тоа при­до­не­су­ва Скоп­је да би­де си­ро­ма­шен град, да не­ма при­хо­ди. Се­га исти­те лу­ѓе ба­ра­ат Скоп­је да на­пра­ви не­што над­вор од сво­и­те мож­но­сти. Зна­чи, не мо­же не­кој да ба­ра оста­вка, а прет­ход­но да бил на власт и да имал мож­ност да на­пра­ви не­што, а не на­пра­вил, ту­ку му од­мог­нал на Град Скоп­је. Ду­ри и ние ка­де што сме се­га, сме ки­ра­џии, зем­ји­ште­то не е на Град Скоп­је, до тој сте­пен е дој­ден Гра­дот. Ба­ра­ње­то оста­вка е са­мо по­ли­тич­ки мар­ке­тинг, со­би­ра­ње по­ли­тич­ки по­е­ни, па да­ли тоа би­ло за пад­на­то др­во, рас­и­пан авто­бус или на­со­бран смет. Но, се­га ги за­мо­лу­вам да се кон­цен­три­ра­ме на ре­ша­ва­ње и на са­ни­ра­ње на пос­ле­ди­ци­те од поп­ла­ви­те. Тие ба­ра­ат оста­вка ко­га јас се­кој ден до­а­ѓам до­ма во 2-3 ча­сот по пол­ноќ, ста­ну­вам во 6-7 и по­втор­но сум на те­рен. Не­мам вре­ме ни­ту да ги про­чи­там ве­сти­те во кои ми ба­ра­ле оста­вка. Се­га пре­не­се­те им не­ка по­ве­лат на те­рен да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, но не еден ден или по­вре­ме­но. Има­ме вре­ме, не­ка по­ми­не се­во ова по­бр­зо, со што по­мал­ку пос­ле­ди­ци, па по­тоа на Со­ве­тот на Град Скоп­је си­гур­но ќе ја ба­ра­ат оста­вка­та, ка­ко и ин­фор­ма­ции за поп­ла­ви­те.

 

Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Дејан Станчевски
(Интервјуто со градоначалникот Коце Трајановски е објавено во 207. број на неделникот Република, 19.08.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top