| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска Држава презеде одговорност за вчерашните напади во Москва

specojalci rusija

Џихадистичката милитантна група Исламска држава (ИД) денеска објави дека нејзини припадници ги извршиле вчерашните напади врз сообраќајната полиција во Москва, при кои двајца вооружени напаѓачи ранија двајца руски полицајци.

Инцидентот се случи во реонот Балашика во источниот дел на рускиот главен град. Напаѓачите за кои руските безбедносни сили соопштија дека потекнуваат од Средна Азија, биле вооружени со огнено оружје и со секири. Двајцата беа убиени во пресметката со полицијата. Инцидентот се случи истиот ден кога безбедносните сили на Русија, застрелаа четворица осомничени милитанти, кои пукале врз полицијата за време на една рација во станбен блок во Санкт Петербург.

Русија веќе подолго време се соочува со екстремизмот во реонот на Северен Кавказ. Според официјална Москва, најголемиот број од руските државјани кои се наоѓаат во редовите на џихадистите од ИД, потекнуваат од тој дел на земјата. Бунтовниците во кавкаскиот регион се појавија по двете жестоки сидири во руската република Чеченија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top