| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо ќе ја спасува кариерата на Балотели?!

baloteli i murinjo

За контроверзниот фудбалер Марио Балотели нема иднина во Ливерпул и напаѓачот моментно е без ангажман, а до крајот на летниот преоден рок остануваат уште две седмици.

Се спомeнуваа Бешикташ и Киево како негови следни дестинации, а медиумите денеска пренесоа дека Манчестер јунајтед би можел да биде неговиот следен клуб. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, веќе разговарал со напаѓачот за неговата фудбалска иднина и му порачал да ги намали своите финансиски барања доколку сака да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, јасно даде до знаење дека нема да смета на Балотели, и можно е Италијанецот повторно да заигра заедно со Златан Ибрахимовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top