Општина Струга ќе побара од субјектите кои имаат свои бизниси во близина на брегот на реката Црн Дрим, да ги отстранат металните конструкции и масите.
Ова барање се очекува да биде доставено до угостителите и другите фирми кои работат на самиот брег на реката во текот на денешниот ден, за во рок од една недела, кога е рокот утврден од страна на општината, тие да завршат со нивното отстранување.
Од Општина Струга додаваат дека против сите кои нема да ја почитуваат одлуката, ќе ги преземат сите неопходни законски чекори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.