| четврток, 6 декември 2018 |

Цветан Трипуноски: Не купувајте земјоделски производи од поплавените подрачја, се испитува нивната контаминација

Државниот инспекторат за земјоделство го испитува квалитетот на земјоделските производи во поплавените подрачја поради претпоставка за нивна контаминација.

Пет тимови на земјоделски и фитосанитарни инспектори од денеска вршат обиколка на теренот, по што ќе бидат земени примероци на анализа во лабораториите на Ветеринарниот факултет кој овозможи бесплатни анализи.

Покрај тоа уште еден тим од инспекторатот ќе биде постојано присутен на централниот пункт во Стајковци, каде производителите ќе можат да се консултираат со нив.

cvetan-dimitrovski-420x240

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски апелираше до граѓаните кои одгледуваат земјоделски производи да не вршат продажба на истите, како и до откупувачите – да не откупуваат производи од овој регион додека не се утврди нивната безбедност.

Активностите на Државниот инспекторат за земјоделство се во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top