| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во паника од избори повторно ја активираше Катица

 

Ненад Мирчевски

Ненад Мирчевски

 

Во екот на рас­чи­сту­ва­ње­то на пос­ле­ди­ци­те од ка­та­стро­фал­на­та поп­ла­ва во Скоп­је, абер стиг­на од порт­па­рол­ка­та во сен­ка на СДСМ, спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва. Од пис­ме­но­то со­оп­ште­ние ме­ѓу ре­до­ви раз­брав­ме де­ка е жи­ва и здра­ва, де­ка уба­во си по­ми­на­ла кај ќер­ка ѝ на свад­ба, де­ка до­бро се од­мо­ри­ла на го­диш­ни­от од­мор и де­ка ќе про­дол­жи да ра­бо­ти ка­ко при­вр­зок на об­ви­не­ти­от За­ев и на СДСМ.

Поз­на­вај­ќи го до­се­гаш­ни­от на­чин на функ­ци­о­ни­ра­ње на СЈО и на СДСМ по прин­цип на вр­за­ни са­до­ви, со­се­ма оче­ку­ва­но бе­ше до крај на ме­се­цов да се по­ја­ви спе­ци­јал­на­та Ја­не­ва со уште еден по­ли­тич­ко-цир­ку­зант­ски на­стап без ни­ка­ква прав­на ло­ги­ка. Во де­но­ви­те пред 31 август, ко­га пар­ти­ски­те ли­де­ри тре­ба да до­не­сат ко­неч­на од­лу­ка да­ли се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за одр­жу­ва­ње фер из­бо­ри, са­мо пра­ша­ње на вре­ме бе­ше ко­га ќе се ја­ви џо­ке­рот на За­ев за по­втор­но да поч­не да кре­и­ра ат­мо­сфе­ра на кри­за и ус­ло­ви за бег­ство од из­бо­ри.

Кол­ку и да са­ка здра­во­ра­зу­мен чо­век по­зи­тив­но да гле­да на уло­га­та на СЈО во раз­ре­шу­ва­ње­то на кри­за­та, не мо­же да не се за­пра­ша ко­ја е по­ен­та­та на та­кви­те јав­ни бла­ми­ра­ња (ма­кар и пре­ку со­оп­ште­ние), кои не слу­жат за ни­што дру­го освен за бесп­ла­тен по­ли­тич­ки мар­ке­тинг на За­ев и на опо­зи­ци­ја­та. Зго­ра на сѐ, вли­јае кон­тра­про­ду­ктив­но на уг­ле­дот на ин­сти­ту­ци­ја­та.

На ни­кој сѐ уште не му е јас­но ко­ја ѝ бе­ше по­тре­ба­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва да ја ин­фор­ми­ра јав­но­ста де­ка „во пер­и­о­дот што сле­ду­ва ќе има зго­ле­ме­на фре­квен­ци­ја на ли­ца во СЈО“. Спе­ци­јал­на­та са­ка да ги из­ве­сти гра­ѓа­ни­те де­ка, ко­неч­но, ре­ши­ла да си ја за­ра­бо­ту­ва пла­та­та. Да­ли тоа зна­чи де­ка, ко­неч­но, за­вр­ши се­зо­на­та на ор­га­ни­зи­ра­ње и игра­ње по свад­би и де­ка го­ди­на­ва не пла­ни­ра да пра­ви зим­ни­ца? Па, ко­му, освен на опо­зи­ци­ја­та, му е гај­ле кол­ка­ва фре­квен­ци­ја има во про­сто­ри­и­те на СЈО? Не е важ­на број­ка­та на лу­ѓе што влег­ле и из­лег­ле од згра­да­та, важ­но е да­ли во те­кот на до­се­гаш­на­та ра­бо­та об­ви­ни­те­ли­те ус­пе­а­ле да со­бе­рат ка­кви би­ло ква­ли­тет­ни до­ка­зи кои би ги по­твр­ди­ле сом­не­ни­ја­та за кри­ми­нал. Ако ги има­ат, не­ка по­ве­лат во суд ка­де што ќе ја до­ка­жат ви­на­та на осом­ни­че­ни­те. На­ро­дот тоа са­ка да го чуе и ви­ди. Ако не­ма­ат до­ка­зи, не­ка мол­чат и не­ка ра­бо­тат.

Ка­ква ли е са­мо таа ин­фор­ма­ци­ја де­ка „по­стап­ки­те се од­не­су­ва­ат на до­се­га об­ја­ве­ни и не­об­ја­ве­ни не­ов­ла­сте­но прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри“? Ко­му му е гри­жа кој раз­го­вор од тие 600.000 што ги до­би од За­ев ќе би­де упо­тре­бен за отво­ра­ње на по­стап­ка? Ко­му во­оп­што му е гри­жа кол­ку пред­ме­ти пла­ни­ра­ат да отво­рат?

Ме­сто СЈО да ја труе јав­но­ста со бес­пред­мет­ни со­оп­ште­ни­ја за да при­ка­же не­ка­ква актив­ност, Ка­ти­ца тре­ба да се по­ја­ви лич­но и да од­го­во­ри што кон­крет­но сра­бо­ти­ла во из­ми­на­та­та го­ди­на. За овој од­го­вор не мо­же да се крие зад „тај­но­ста на по­стап­ка­та“ за­тоа што е долж­на да да­де от­чет за сра­бо­те­но­то пред гра­ѓа­ни­те.

Ка­ти­ца Ја­не­ва и СЈО мо­ра­ат по­се­ри­оз­но да ги оправ­да­ат ми­ли­о­ни­те евра на­род­ни па­ри. Ако спе­ци­јал­на­та на­ви­сти­на са­ка да се сим­не од вр­вот на ли­ста­та нај­не­до­вер­ли­ви лич­но­сти, на ко­ја ду­ри е и пред Зо­ран За­ев, тре­ба да пре­ста­не да дро­би праз­на сла­ма и да се од­ва­жи да да­де кон­крет­ни од­го­во­ри.

И тоа, пред сѐ, ин­фор­ма­ции во вр­ска со истра­га­та за афе­ра­та „Пуч“, ос­нов­на­та при­чи­на за фор­ми­ра­ње­то и по­сто­е­ње­то на Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво. Јав­но­ста уште че­ка да доз­нае кој прис­лу­шу­вал, по чи­ја на­рач­ка го пра­вел тоа, за ко­го ра­бо­тел Ве­ру­шев­ски, кои би­ле над­во­реш­ни­те при­ја­те­ли на За­ев, кол­ку гра­ѓа­ни се оп­фа­те­ни со не­ле­гал­но­то прис­лу­шу­ва­ње? Да­ли е точ­но де­ка 20.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни би­ле прис­лу­шу­ва­ни и кои се тие? Си­те тие има­ат пра­во да до­би­јат пап­ки со нив­ни раз­го­во­ри исто ка­ко најб­ли­ски­те со­ра­бот­ни­ци на За­ев.

Ја­не­ва, ко­ја е де­бе­ло пла­те­на од на­род­ни па­ри, има об­вр­ска да ја сер­ви­ра ви­сти­на­та на ма­са, а не да ја ма­ни­пу­ли­ра јав­но­ста и да во­ди пре­диз­бор­ни кам­па­њи. Гра­ѓа­ни­те има­ат пра­во да ја доз­на­ат ви­сти­на­та и, по­ра­но или по­доц­на, по­ве­ќе од си­гур­но е де­ка ќе ги до­би­јат тие ин­фор­ма­ции, са­ка­ле За­ев и Ја­не­ва да откри­јат или не.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top