| четврток, 6 декември 2018 |

Големото срце на Симон предизвика солзи кај публиката во Стокхолм

Македонскиот виртуоз, пијанистот Симон Трпчески ќе посвети два концерта на поплавените во Македонија. Тој оваа вест ја објави на својата фејсбук страница на која пишува “Ги посветувам двата концерта со Ливерпулската филхармонија на луѓето од поплавените подрачја во Македонија”. Концертите на нашиот маестро со Ливерпулската филхармонија под диригентската палка на Василиј Петренко ќе се одржат во Philharmonic Hall во Ливерпул. Пред ливерпулската публика Трпчески ќе го изведе концертот за пијано од Равел.

Трпчески вчера настапи во Сткхолм, каде повторно предизвика бурни овации. И овој концерт беше посветен на семејствата кои настрадаа во поплавите во Скопје, а во публиката беше и македонската писателке Винка Саздова која на својот „Фејсбук“ профил ги пренесе длабоките емоции.

-И ние неколкумината скопјани, што случајно се најдовме во публиката, со право бевме допрени: од големото срце на Симон и од неговата неверојатна изведба на Рахманинов. Браво маестро! ­ напиша Винка Саздова за својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top