Списокот на платеници на озогласениот американски тајкун Џорџ Сорос, откри дека тој денеска во Србија повеќе или помалку ги контролира сите сфери на јавниот живот, предупредуваат експертите.
Дека Сорос денеска е финансиски господар на голем дел од српското општество потврдува списокот од скоро 200 институции и организации на кои од 2011 до 2014 година им поделил дури 391.940.146 динари за 263 различни проекти.
На таа листа покрај очекуваните НВО, ЛГБТ и малцинските здруженија, се наоѓаат и бројни медиуми, бивши спортски асови, странски функционери, па дури и државни училишта и факултети. Што е посебно опасно, на списокот на Соросовите платенци се наоѓаат и здруженија на судии и обвинители.
Шокантно е што американскиот тајкун го финансира Филозофскиот факултет во Нови Сад (2.858.050 динари), Архитектонскиот (1.949.200 динари), Медицинскиот факултет (7.373.056), Здружението на судии (5.152.000), Здружението на обвинители на Србија (7.294.500).
Со ова Сорос практично стави рака на најголемиот дел од социјалниот живот на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.