Катастрофалната поплава која го зафати скопскиот регион по метеоролошкиот феномен кој се случува еднаш на 1.000 години е регистрирана и од вселената. Сателитските фотографии направени пред и по поплавите ја покажуваат вистинската слика за големината на зафатеното подрачје и силината на водената маса.
Коперникус е сервис на Европската комисија кој е задолжен за менаџирање со природни катастрофи и хуманитарни кризи. Коперникус обезбедува точни геoпросторни информации добиени од сателитско далечинско набљудување на подрачјата каде што имало природна катастарофа.
Веднаш по поплавите на 06.08.2016 година Коперникус до Дирекцијата за заштита и спасување на 08.08.2016 испрати сателитски снимки со податоци од елементарната непогода која ја погоди Република Македонија односно скопскиот регион. Коперникус истите податоци ги објави и на страната на Европската унија односно на Европската комисија.
Агенцијата за катастар на недвижности ги превзеде сателитските снимки кои беа направени од Коперникус со што ги прилепи со катастарските податоци и истите ги дистрибуираше до кризниот штаб формиран од Владата на Република Македонија, АРМ, МВР како и до Бирото за судски вештачења за полесно да ги изврши процентките за штетите од поплавите на терен. Исто така граѓаните можат овие снимки да ги видат на веб страната на Kатастарот.
- Скопје и поплавениот регион
- Поплавата во Стајковци, Сингелиќ, Арачиново и Илинден снимена од сателит
- Обиколницата пред поплавата
- Обиколницата пo поплавата
- Ченто, Инџиково и Илинден пред поплавата
- Ченто, Инџиково и Илинден пo поплавата
- Ченто, Инџиково и Арачиново пред поплавата
- Ченто, Инџиково и Арачиново пo поплавата
- Стајковци пред поплавата
- Стајковци по поплавата
-Агенцијата за катастар на недвижности активно е вклучена во справување со елементарната непогода уште од самиот почеток со доставување на податоци до институциите. Исто така со волонтери доброволци вработени во Катастарот кој од самиот почеток се на терен и помагаат во расчистување на домовите на погодените семејства од поплавата- наведуваат од Катастар за Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












