| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Одлуката за „Брегзит“ е неотповиклива

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија е неотповиклива.

– Пред нас е цел процес на напуштање, но таа одлука е неотповиклива – изјави таа во интервју објавено од Демохристијанската унија.

Таа додаде дека одлуката е тест за ЕУ и оти жали поради потегот на Лондон.

– Сега треба да се преговара врз основа на интереси – нагласи Меркел. Германската канцеларка додава дека ЕУ им нуди на своите членки силен глас во светот кои државите поедично го немаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top