| четврток, 6 декември 2018 |

Дарио Шариќ искрен и самокритичен: Играв како пи*ка!

Хрватска и Србија го одиграа најдраматичниот четвртфинален натпревар на кошаркарскиот турнир во Рио. На крај Србите излегоа како победници, а главната причина е отсуството на неколку клучни играчи на „коцкестите“, кои одиграа лош натпревар.

Еден од нив е и Дарио Шариќ, кој беше безмилосен кон себе и се прогласи за главен виновник за денешниот пораз.

– Не знам што да кажам, одново загубивме, а јас играв како некоја пи*ка. Лошо влегов во натпреварот, а после кога видов дека не ми оди во напад, се обидов да им помогнам на моите соиграчи во одбраната. Изненаден сум, мислам дека цел турнир одиграв на ниско ниво и тоа не е ни блиску до моите можности – изјави Шариќ веднаш по мечот.

Сите кошаркари на Хрватска беа разочарани поради начинот на којшто загубија. Во последната четвртина одиграа фантастично и надополнија негатива од 14 поени, но тоа не беше доволно за триумф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top