| четврток, 6 декември 2018 |

Без никаков срам краделе среде хаосот во поплавените подрачја

Срамнотешка кражба се случила среде поплавите во Скопје.

Тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци каде што непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила сопственост на а.д. „Илинден“ – Струга, при што одзел 240 литри дизел гориво.

Исто така, кривично дело „кражба“ е извршено во село Црешево, каде што од дворно место се одземени девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, и втората кражба е извршена во Економија (Синѓелиќ), каде од дворно место е одземен мобилен телефон.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top