| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на „Република“ ќе читате

Во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од 19 август 2016 година, ќе читате:

naslovna207

Интервју: Коце Трајановски

Оставка ми бараат тие што го испокрадоа Скопје

Скоп­је е укра­ден град и СДСМ го све­ду­ва на мес­на за­ед­ни­ца. Од­зе­мен му е се­вкуп­ни­от имот со кој рас­по­ла­гал. Од­зе­ме­ни му се па­за­ри­те, гро­би­шта­та, ГТЦ, не­ко­гаш­ни­от ПУ­ИК, „Топ­ли­фи­ка­ци­ја“, „Град­ски ап­те­ки“… Ба­ра­ње­то оста­вка е са­мо по­ли­тич­ки мар­ке­тинг, со­би­ра­ње по­ли­тич­ки по­е­ни; се­га пре­не­се­те им не­ка по­ве­лат на те­рен да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, има­ме вре­ме да ди­ску­ти­ра­ме за оста­вка­та, ве­ли градоначалникот на Град Скопје Коце Тра­ја­нов­ски во интервју за неделникот „Република“.


СЈО со нов политички театар

СДСМ во паника од избори повторно ја активираше Катица

Во екот на рас­чи­сту­ва­ње­то на пос­ле­ди­ци­те од ка­та­стро­фал­на­та поп­ла­ва во Скоп­је, абер стиг­на од порт­па­рол­ка­та во сен­ка на СДСМ, спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка Ка­ти­ца Ја­не­ва. Од пис­ме­но­то со­оп­ште­ние ме­ѓу ре­до­ви раз­брав­ме де­ка е жи­ва и здра­ва, де­ка уба­во си по­ми­на­ла кај ќер­ка ѝ на свад­ба, де­ка до­бро се од­мо­ри­ла на го­диш­ни­от од­мор и де­ка ќе про­дол­жи да ра­бо­ти ка­ко при­вр­зок на об­ви­не­ти­от За­ев и на СДСМ. Поз­на­вај­ќи го до­се­гаш­ни­от на­чин на функ­ци­о­ни­ра­ње на СЈО и на СДСМ по прин­цип на вр­за­ни са­до­ви, со­се­ма оче­ку­ва­но бе­ше до крај на ме­се­цов да се по­ја­ви спе­ци­јал­на­та Ја­не­ва со уште еден по­ли­тич­ко-цир­ку­зант­ски на­стап без ни­ка­ква прав­на ло­ги­ка. Во де­но­ви­те пред 31 август, ко­га пар­ти­ски­те ли­де­ри тре­ба да до­не­сат ко­неч­на од­лу­ка да­ли се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за одр­жу­ва­ње фер из­бо­ри, са­мо пра­ша­ње на вре­ме бе­ше ко­га ќе се ја­ви џо­ке­рот на За­ев за по­втор­но да поч­не да кре­и­ра ат­мо­сфе­ра на кри­за и ус­ло­ви за бег­ство од из­бо­ри.


Протечените документи потврдија

Соросовите платеници одработуваат политичка агенда

Об­ја­ве­ни­те до­ку­мен­ти, кои да­ти­ра­ат од 2008 до 2016 го­ди­на, откри­ва­ат де­та­ли од пла­но­ви­те, стра­те­ги­и­те и глав­ни­те це­ли на актив­но­сти­те на цен­тра­ла­та на ФОО и на мре­жа­та нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции под не­го­ва кон­тро­ла.

Спо­ред „Ди-Си ликс“, Со­рос пред­во­ди по­ве­ќе од 50 про­е­кти на свет­ско и на ре­ги­о­нал­но ни­во, а са­ми­от тој се сме­та за ар­хи­тект и под­др­жу­вач на ре­чи­си си­те пре­вра­ти во све­тот во пос­лед­ни­те три де­це­нии. На­ја­ва­та за та­кви­от раз­вој на на­ста­ни­те дој­де пред два ме­се­ца ко­га „Ви­ки­ликс“ на Џу­ли­јан Асанж ги об­ја­ви до­ку­мен­ти­те спо­ред кои Со­рос да­ва ин­струк­ции ка­ко САД да по­мог­нат за да се сми­ри со­стој­ба­та во Ал­ба­ни­ја во 2011 го­ди­на ко­га три ли­ца за­ги­наа во де­мон­стра­ци­и­те ор­га­ни­зи­ра­ни од то­гаш­на­та опо­зи­ци­ја, а се­га вла­де­јач­ка Со­ци­ја­ли­стич­ка пар­ти­ја на Еди Ра­ма.


Интервју: Де­ни Ѓор­чев­ски, Би­ро­ за суд­ски ве­шта­че­ња

Треба да се подигне свеста за осигурување

На За­пад е ши­ро­ко­рас­про­стра­не­та на­ви­ка­та за оси­гру­ва­ње имо­ти и жи­вот. Кај нас се­то тоа сѐ уште не е из­диг­на­то на тоа ни­во по­ра­ди што мис­лам де­ка тре­ба да се ор­га­ни­зи­ра­ат кам­па­њи со кои лу­ѓе­то ќе се за­поз­на­ат со пред­но­сти­те на оси­гу­ру­ва­ње­то. Во­де­но, би тре­ба­ло да би­дат из­го­тве­ни па­ке­ти за оси­гу­ру­ва­ње кои ќе би­дат по­ну­де­ни во не­кои по­ри­зич­ни ре­ги­о­ни иа­ко поп­ла­ва­та  не мо­же да се пред­ви­ди. Тре­ба да се ди­мен­зи­о­ни­ра не­кој про­дукт кој ќе ги по­крие си­те ри­зи­ци од поп­ла­ва, по­жар и дру­ги еле­мен­тар­ни не­по­го­ди. Ре­ал­но, не ста­ну­ва збор за го­лем из­да­ток за оси­гу­ру­ва­ње, па се­кој мо­же да си го доз­во­ли. Тре­ба да се ра­бо­ти на тоа лу­ѓе­то да ја сфа­тат по­тре­ба­та од оси­гу­ру­ва­ње, по­себ­но во ру­рал­ни­те по­драч­ја кои се обич­но по­по­го­де­ни од не­сре­ќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top