Денес со почеток во 10 часот на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ ќе се реализира централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на АРМ.
Во согласност со протоколот, на присутните ќе им се обратат претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов, и министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
По повод Денот на АРМ, претседателот на државата Ѓорге Иванов со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува баталјонот на воената полиција и инженерискиот баталјон од составот на АРМ.
На одбележувањето на Денот на АРМ се поканети и се очекува да присуствуваат највисоките претставници од државните институции на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и гости од останатите институции во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.