По однос на обвинувањата од страна на пратеничката на СДСМ, Софија Куновска, која во време на најголемата криза со поплавите упати обвинувања и критики кон војската и полицијата, вицепремиерот Никола Тодоров во Отворено студио на ТВ Нова вели дека е несфатливо и неприфатливо таквото нејзино однесување.
Да беа политички обвинувања, вели Тодоров, ќе разберев и ќе прифатев.
-Но ме погоди и разочара што беа критикувани полицијата и војската кои ги ризикуваа своите животи. Тоа ме разочара и вознемири. Се обидов да бидам воздржан и да не отиде дебатата во лош правец. Многу ме погоди тоа затоа што знам како тие луѓе се жртвуваа и што се правеа. Ние работевме нон стоп, сите и војската и полицијата. Имавме само 1 час пауза за да се пресоблечеме. Таа жртва и тој труд да не се цени е неприфатливо, вели Тодоров.
Тој вели дека се трудел да биде над ситуацијата и да ја однесе дебатата со Куновска во правилна насока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Софија Куновска: За новиов правец „зајорадаризам“ ќе биде потпрашана и она нешто или и натаму за Богородица ќе си ја рачунаме?
-
Софија Куновска: Мечка во циркус ќе научи да вози точак, Али македонски не!
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)