Кошаркарите на Австралија делуваа супериорно во првиот четврфинален меч на Олимписките игри во Рио. „Кенгурите“ буквално го декласираа европскиот вицешампион, репрезентацијата на Литванија со 90-64.
Во скоро рамноправен дуел во групата фаза против првиот фаворит САД, австралијанците навестија дека се сериозна репрезентација која може многу. Тоа се потврди и на дуелот со Литванија во која моќните играчи на „кенгурите“ уште од самиот почеток ставија до знаење дека во Рио се дојдени по медал.
Откако првиот период го добија со 26-17, а на полувремето заминаа со 18 поени разлика (48-30), Австралија не попушти со темпото ниту во третата четвртија кога ја забележаа највисоката предност од 30 коша разлика По ова беше јасно која селекција ќе се пласира во полуфиналето и ќе се вмеша во борбата за медалите.
Австралија додаде нови девет поени предност по третата четвртина (22-13), а Литванците се помирија со поразот, по што мечот стана само рутина. На крајот, „кенгурите“ славеа со 90-64 и ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Србија и Хрватска за полуфинална пресметка.
Најефикасен кошаркар во победничката репрезентација беше Пети Милс со 24 поени, додека Калниетис во составот на Литванците уфрли 12 кошеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.