| четврток, 6 декември 2018 |

Милион долари од славната пејачка за погодените од страшните поплави во Луизијана

Поп пејачката Тејлор Свифт изјави дека ќе подари еден милион долари за населението кое настрада од катастрофалните поплави во Луизијана, пренесуваат западните медиуми.

Овие поплави се едни од најголемите кои се случиле во историјата на оваа американска сојузна држава. Штетите се огромни, погодени се најмалку 40.000 згради. Околу 60.000 жители имаат потреба од помош за справување со штетите. Билансот на жртви достигна 11 лица.

Свифт рече дека срцето и се кине од мака кога гледа како луѓето се приморани да ги напуштат своите домови. Тоа посебно, затоа што на турнејата минатата година, како што вели, тие луѓе ја прифатиле како своја, така што таа се чувствувала како дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top