| четврток, 6 декември 2018 |

Школски авион се урна во северозападна Турција, има мртви

Две лица загинаа денеска при пад на тренажен авион во северозападниот турски округ Текирдаг, јави турската телевизија НТВ.

Авионот, кој што бил наменет за вежби и подучување на пилотите, полетал од аеродромот „Чорлу“. Летателото се урнало кусо потоа, од засега непознати причини.

Амбулантни и противпожарни возила се справуваат со последиците од инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top