
Еден полицаец е убиен, а најмалку двајца се ранети при напад на сообраќајна полициска станица во близина на автопатот во Москва. Оваа информација ја пренесоа руските агенции, повикувајќи се на полициски извори, а напаѓачите се најверојатно од Северен Кавказ.
Полицаецот запрел сомнително возило за да го провери возачот, а потоа непознатиот маж почнал да пука, пренесе Раша Тудеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


