| четврток, 6 декември 2018 |

Бојан Трајковски се сели во Косово, повторно ќе настапува за Сигал Приштина

kosarka-makedonija-21

Бојан Трајковски повторно е член на Сигал Приштина откако репрезентативецот на Македонија реши да се врати во косовскиот клуб. Трајковски пред дваесетина дена потпиша договор со Куманово, но во него имало клаузула што му овозможувала да се пресели во странство. Во ситуација кога кумановци беа премногу пасивни во преговорите за ангажман на играчи за следната сезона, Трајковски реши да го напушти македонскиот вицешампион и да се пресели во редовите на Сигал Приштина.

Македонецот беше дел од овој клуб во 2015 година, кога потпиша за Приштина откако го раскина договорот со полскиот прволигаш Чарни Слупск. Тој имаше одлични неколку месеци за косовскиот клуб, со кој стигна до титулата во регионалната БИБЛ-лига, до трофејот шампион на Косово, а играше и во националниот куп на оваа држава. Тој денеска имал средба со челниците на Сигал Приштина, при што ги договорил деталите од овој трансфер, потпишувајќи договор за соработка на една година.

Бојан Трајковски дефинитивно нема да настапува за македонската репрезентација во квалификациите за Евробаскет 2017, откако селекторот Драган Раца јасно стави до знаење дека нема намера да му прости на крилниот центар за прекршување на дисциплинскиот правилник во националниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top