Утрово околу девет часот на автопатот А1 кон Гевгелија, во близина на клучката Мрзенци, се случила сообраќајна незгода меѓу две патнички возила.
Во сообраќајната несреќа учевствувала потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, што веќе официјално преку соопштение е потврдено и од партијата. Шеќеринска и нејзиното семејство патувале кон Гевгелија и за среќа поминале без повреди. Како што информираат од партијата, сообраќајката се случила кога возило што претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала заменик претседателката на СДСМ со нејзините родители.
Како што информираа од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале џип со скопски регистарски таблици „мицубиши пајеро“ и автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистарски таблици.
Џипот го управувал таткото на Шекеринска,А.Ш., а таа била сопатник, додека автомобилот „шевролет авео“ го управувала дваесет и седумгодишната Б.Т. од село Прдејци.
Според досегашните информации, повредена е девојката која го управувала автомобилот и со телесни повреди е пренесена во Општата болница Гевгелија.
Увид на лице место изврши увидна екипа од Полициската станица во Гевгелија. Иако од партијата тврдат дека несреќата се случила откако девојка во друго возило непрописно претекнувала, се уште официјално не се утврдени причините за сообраќајката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст