| четврток, 6 декември 2018 |

Стефанек го освои првиот медал за Србија, и тоа златен

davor stefanek

Давор Штефанек го освои првиот златен медал во борење, грчко-римски стил за Србија на Олимпијадата во Рио.

Штефанек, кој е светски шампион од 2014 година, го совлада Ерменецот Мигран Арутјунјан откако мечот заврши со 1:1, но Србинот победи бидејќи последен освои медал во кариерата. Ова беше трет олимписки настап за Штефанек, кој досега немаше добиено меч на Олимписките игри.

– Почувствував дека ќе го дадам мојот максимум. Искрено ова е толку посебен ден за мене и сеуште сум во транс во моментов – изјави Штефанек по борбата во Рио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top