| четврток, 6 декември 2018 |

Аларм на НАСА: Јули – најтопол месец на Земјата откако се мерат температурите

Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека јули бил најтопол месец на планетата Земја откако се мерат температурите.

Температурите во изминатиот месец биле за 0,84 степени Целзиусови над просекот, а за 0,1 степен над досегашниот рекорд од јули 2011 година.

НАСА најавува дека драматичниот раст на температурите во изминатите 50 години речиси сигурно ќе предизвикаат 2016 година да биде и најтопла досега, а тој тренд може да продолжи и во следните години.

Податок што укажува на последиците на глобалното затоплување е и фактот дека во изминатите 15 месеци секогаш е поставуван нов рекорд, што е незабележано од 1880 година откако се следат температурите.

Просечната годишна температура на Земјата била 16,4 степени Целзусови, што е за 0,9 повисоко од просекот.

Со меѓународен договор од 2015 година поставена е цел да се спречи затоплувањето на Земјата за 1,5 степени.

Нивото на мраз на Северниот Леден Океан исто така е намалено на рекордно ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top