Луѓето ширум САД се здружија за да му помогнат на седмогодишното гладно момче од Охајо, кое се обиде да ја продаде својата играчка за да купи храна.
-Граѓаните и фирми во САД се заинтересирани како можат да помогнат, изјави претставник на црквеното хуманитарно здружение во местото Френклин.
Прво, полицијата во Френклин соопшти дека пронашла босоного момче со голема играчка, кое се обидувало да ја продаде пред една аптека. Тој им рекол на полицајците дека со денови не јадел. Полицецот го одвел детето во ресторан да јаде, а потоа отишле во домот на детето, каде пронашле уште четири постари момчиња, кои заедно со родителите живеат во голема сиромаштија.
Социјалната служба веднаш децата ги преселила кај роднини, а против родителите следи преткривична постапка поради загрозување на децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст