| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Во пензија на 69 години?

Германската централна банка соопшти дека зголемувањето на законските граници за одење во пензија на 69 години до 2060 година, би го олеснило притисокот на пензискиот систем.

Поради стареењето на популацијата, со сегашните реформи нема да се спречи пад на пензиите по 2015 година, наведе Бундесбанка во редовниот месечен извештај, додавајќи дека граѓаните кои нема да се определат за приватно осигурување и порано би можеле да се соочат со помали пензии.

Старосната граница за одење во пензија во Германија сега е 65 години и три месеци, а владата планира таа граница до 2030 година да се покачи на 67 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top