| четврток, 6 декември 2018 |

Помош од Бугарија за настраданите во поплавите

Република Бугарија ќе испрати помош за настраданите во поплавите во скопскиот и тетовскиот регион во храна, вода и хигиенски средства во вредност од над 40.000 лева. Помошта веќе е доставена до бугарскиот Црвен крст, соопшти денеска прес-службата на Министерството за транспорт, информациска технологија и информации.

Децата во настраданите подрачја, според соопштението, ќе добијат повеќе од 6.200 детски кашички и 5.000 памперси. Помошта вклучува повеќе од 22.000 литри флаширана вода, над 8.200 конзерви и друга храна и материјално-технички средства за справување со штетите од невремето.

Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија денеска соопшти дека примопредавањето на бугарската помош ќе биде утре во скопската касарна „Гоце Делчев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top