| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Започнаа инженерски зафати во Сингелиќ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска изврши увид на градежните работи во Сингелиќ, каде што се поставуваат бетонски цевки кон улиците и домовите на жителите.

Како што информира Трајановски, во вестите на Канал 5, се очекува до петок целосно да се заврши со оваа фаза од санирањето на штетите.

-Работата се привршува. Одлучивме сега да се работи до 22 часот а ноќната работа да се прекинува со оглед на тоа што се создаде можност за работа преку ден. Војската е вклучена со работа во овие 14 региони каде што секаде има по 20-на војници, а доаѓаат и волонтери кои исто така помагаат. Од претходната ноќ започнавме со миење на улиците со цистерни од пожарната и цистерни од јавните комунални претпријатија, вели Трајановски.

Вчера до сите општини бил упатен повик да донираат цистерни од Јавните претпријатија. А веќе од Прилеп, Радовиш, Кавадарци има донесено цистерни а на пат се и цистерните од Велес.

-Почнуваме од оние улици каде што се е завршено. А денеска започнуваме со инженерски работи на поставување на нови мостови со бетонски цевки од по 1500 и 2000 цм пречник. Започнавме денеска на 3-4 локации ќе согледаме колкава е целокупната потреба, така да овие неколку денови ќе се работи на тоа, објаснува Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top