| четврток, 6 декември 2018 |

Додека си моја ќерка – откриени тајните детали за српската свадба на векот

ceca

Венчавката на Светлана Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан предизвика дотогаш незабележано медиумско внимание. Најперспективната српска пејачка и осудуваниот криминалец и војник биле na насловните страници на сите весници. Се венчаа на 19 фервуари 1995 година. Цеца имала 22, а Аркан 43 години.

Цеца и Аркан беа во брак до неговото убиство во хотелот Интерконтинентал, 15 јанаури 2000 година. Следната година Цеца не се појаваше во јавност.

Со оглед на големата разлика во годините, а и фактот дека Аркан бил криминалец, таткото на Цеца, Слободан бил изрично против нејзиното мажење.

-Кога слушнаа моите дека сакам да се омажам за Аркан, не беа за тоа. Мојот татко скокна и рече:Додека си моја ќерка, нема да може. Но тој е таков, не го држеше многу. Но не му беше право долго време. Жељко имаше 43, а јас 22 години- раскажала Цеца во една прилика.

Меѓутоа во тој момент очигледно тоа не смеела јавно да го каже и многу е веројатно дека таа тајна ја криела и од самиот Аркан. Среќа за парот, што подоцна татко и попуштил и изгледа го засакал зетот, и покрај неговата биографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top