| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски и денеска на терен- Се санира дел од каналот во Сингелиќ и се оспособува улица кон Камник

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и денеска е на терен. Ја координира механизацијата и им помага на жителите во справување со последиците од невремето.

trajanovski-singelik3

Се санира дел од каналот и малиот мост во Сингелиќ кој беше уништен од поплавата. Се вадат старите и се поставуваат нови цевки.

trajanovski-singelik9

Исто така се оспособува и улицата во делот кон Камник.

-Денеска почнуваме со санација на цевките во отворените канали во Синѓелиќ и со санација на премините преку каналите за да овозможиме нормално одвивање на сообраќајот. Сакам да се заблагодарам на сите компании што донираа цевки и градежни машини и помогнаа во справувањето со последиците од поплавата. Се оспособува и улицата кон Камник. Можам да потврдам дека на терен веќе се гледаат резултатите од активностите за расчистување. Сметот и градежниот шут интензивно се расчистува со механизација, а улиците се мијат со цистерни. Во тек се и активностите за дезинфекција на домовите. Упатувам благодарност до моите колеги градоначалници што ни испратија цистерни и сакам да ги повикам и останатите градоначалниици што располагаат со ваква механизација да помогнат во овие кризни моменти за Скопје, рече градоначалникот Трајановски.

trajanovski-singelik2

Трајановски додаде дека на терен се и проценителите на штетите од поплавата кои ги посетуваат погодените домови.

trajanovski-singelik

-Синѓелиќ го поделивме на 14 реони, а во секој реон на терен е по еден тим составен од по двајца војници, двајца претставници на локалните жители и еден комунален редар кои ги посетуваат жителите на Синѓелиќ и укажуваат во кој дел што е потребно, додаде Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top