| четврток, 6 декември 2018 |

Балканска битка во четвртфиналето, Хрватска ја избра Србија

hrvatska 1

Ватерполистите на Хрватска намерно избегнаа битка со Србија, но тоа не беше случај со кошаркарите, кои продолжија со одличните настапи на овие Олимписки игри и сосема заслужено се најдоа на првото место во својата група. „Коцкестите“ играат извонредно, па по Шпанија и Бразил го зедоа и скалпот на Литванија. Ова значи избегнување на американскиот дрим-тим се до големото финале, но патот дотаму нема да биде нималку лесен со оглед на фактот дека веќе во четвртфиналето Хрватите ќе се сретнат со Србија.

– Убеден сум дека тие навивале за Литванија на овој меч бидејќи знаат дека ние сме многу незгодна репрезентација. Игравме пред петнаесетина дена во Аргентина, тие го немаа Теодосиќ, ние бевме без Хезоња, но бевме и преморени, па им дозволивме премногу скокови под нашиот кош. Овојпат ќе биде поинаку – истакна хрвтскиот селектор Александар Петровиќ.

milos teodosic

Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Австралија – Литванија.

Американскиот дрим-тим за противник во четвртфиналето ќе ја има Аргентина, а многу интересно се очекува да биде на дуелот меѓу Шпанија и Франција, на кој „фуријата“ ќе се обиде да им се одмазди на „триколорите“ за поразот на последното светско првенство.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

САД – Аргентина

Австралија – Литванија

Франција – Шпанија

Србија – Хрватска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top