Благодарение на богатството на витамини и минерали, но и незаменливи антиоксиданси, овој моќен шејк претставува одличен „анти-ејџ“ оброк. За подготовка на ова фрапе доволни се пет минути, а претставува идеална замена за тежок и калоричен оброк. Што е најдобро, после него ќе бидете сити и полни со енергија.
Состојки:
1 шолја суви сливи
3/4 шолја свежи или замрзнати боровинки
3 лажички ленено семе
пола лажичка масло
1 лажичка квасец во прав
Приготвување:
Сите состојки измиксајте ги во блендер заедно со коцки мраз. По желба засладете го со малку мед. Сега може да уживате во својата напивка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.