| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружени напаѓачи грабнале десетина гости од ресторан во мексиканско летувалиште

restoran meksiko

Мексиканските власти отворија истрага за киднапирање на 10-­тина лица од ресторан во тихоокеанското летувалиште Пуерто Вајарта. Истрагата смета дека случајот е поврзан со организираниот криминал, пренесе ДПА.

Државниот обвинител на државата Халиско, Едуардо Алмагер, за локалните меидуми изјави дека петмина вооружени мажи пристигнале во ресторанот „Ла лече“ по полноќ и насила грабнале 10­-12 лица. Првичните истражни дејствија покажуваат дека жртви на грабнувањето се членови на организирана криминална група, кои одморале во летувалиштето. Според гласините, меѓу грабнатите се и децата на нарко босот Хоакин Ел Чапо Гусман, кој се наоѓа во затвор.

Гувернерот на Халиско, Аристотелес Сандовал, на Твитер предупреди дека ваквото насилство нема да се толерира. Во ова држава функционира нарко картелот „Халиско ­ нова генерација“, што е сметан за еден од најопасните во Мексико, потсетуваат британските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top