| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Охрид: Момче се удави во воениот камп во Свети Наум

davenik

27-годишен маж се удави во Охридското Езеро. Несреќниот настан се случи попладнево околу 16 часот на воениот камп во манастирскиот комплекс Свети Наум.

Се претпоставува дека давеникот бил на одмор и од непознати причини се удавил на плажата, каде не биле ангажирани спасителите на Црвениот крст.

Безживотното тело го забележале капачи и повикале помош. Увид на лице место изврши јавен обвинител и екипите на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top