Потребни ни се лидери за во иднина, но и за сегашноста, порача претседателот Иванов на отворањето на седмата Школа за млади лидери во Охрид. Според Иванов, секоја криза е можност за нови решенија и концепти, за нови визии.
Живееме во време на големи промени, предизвици и кризи, но секоја криза е можност за нови решенија, шанса за нови концепти и визии – рече претседателот Ѓорге Иванов на отварањето на седмата Школа за млади лидери што под негово покровителство се одржува во Охрид. Иванов додаде дека школата е наменета, пред сѐ, за лидерите на иднината, но и за оние од сегашноста кои низ целиот живот ќе се соочуваат со потребата да помагаат, да нудат решенија и да ја истакнуваат својата креативност и иновативност.
Еминентни предавачи од светот во наредните десетина дена ќе едуцираат 45 млади учеснци кои носат амбиции да го променат светот на подобро.
Овогодишниот тренинг започна со едноминутно молчење во чест на луѓето кои трагично починаа во скопското невреме. Учесниците организираа и хуманитарна акција со донирање пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст