Потресна приказна пренесуваат британските медиуми за напади од осуден 33 годишен педофил кој што во едно попладне извршил три обиди за силување на деца. Откако одлежал девет години затвор за силување деветгодишно дете, едно попладне претставувајќи се како полицаец, британецот- педофил по шест месеци на слобода, во еден парк се доближил до група девојчиња со приказна дека е полицаец, но тие му побегнале.
Еден час подоцна пресретнал 12 годишно девојче кое се враќало од супермаркет, па со истата приказна дека е полицаец и дека ја обвинува дека ги украла продуктите, успеал да ја одвлечка на страна. На сила ја легнал на земја и ја нападнал со нешто што личело на нож.
За среќа, мајката ѝ почнала упорно да ѕвони на телефонот на девојчето, па успеал само да направи неколку фотографии со неговиот телефон од голото девојче и побегнал.
Истото попладне физички нападнал уште едно девојче од 11 години, но тоа успеало да се оттргне од него и да побегне дома.
Манијакот набрзо е уапсен недалеку од местото на нападите. Определем му е притвор и се очекува нова казна за педофилија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Денешните генерации се 15 години „постари“ од родителите на иста возраст


