| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Карлеуша-причина за дводецениската војна меѓу Цеца и Јелена?

Војната меѓу Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша трае веќе две децении, и како и во секоја војна, тешко е да се каже кој прв почнал. Карлеуша изјавуваше дека сопругот на ЦецаАркан наводно и’ се заканувал. Во една емисија кај покојниот Минимакс, Аркан изјави дека вербално ја нападнал Карлеуша по нејзината изјава дека сите пејачки се ку*ви, бидејќи на тој начин ја навредила и Цеца, која е исто така пејачка.

„Според мене, не е нормално девојка од 20 години да каже дека е најголема ку*ва“, рече Аркан, а Цеца во истиот миг ја посоветува да не им се замерува на колешките со погрешни изјави, бидејќи пред неа е голема иднина. Во секој случај, тие двете останаа во војна, иако Цеца веќе не ги коментира прозивките на Јеца.

Но она што е помалку познато е дека Цеца, по апсењето во 2003-та година, ја притворил таткото на Јелена, Драган Карлеуша, капетан на МВР Србија, кој сега е во пензија.

„Ете, во тоа време ме испрашуваше таткото на Јелена Карлеуша! Кога не може да ме победи со песна, тука е тато да ме потресува и претресува!“, напиша Цеца. За потсетување, Цеца беше уапсена по претресот на нејзината куќа на Дедиње, кога беше пронајдено големо количество оружје, поради кое во притвор помина 4 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top