| четврток, 6 декември 2018 |

Породилното отсуство заврши – Тамара ги замени пелените со микрофон

tamara

Тамара Тодевска, која неодамна стана мајка на малата Хана, повторно почна со работа и го стави на пауза трудничкото боледување кое, по правило, би требало да трае девет месеци.

Па така, викендов ја забавуваше публиката во Дојран и во Куманово, а веќе следниот е резервиран за настап во Тетовско.

-Среќна сум што почнав пак да настапувам, ми недостасуваше публиката. Хана од ден во ден сѐ повеќе ме изненадува и е вистинска прелепотица. Околу нејзиното чување многу ми помага и сопругот, кој ми е најголема поддршка во се – откри Тодевска која минатата година ја заокружи со голем солистички концерт кој го одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а пред концертот го промовираше и албумот „Еден ден“ кој урива рекорди на слушаност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top