| четврток, 6 декември 2018 |

Почина музичарот Љубен Димкароски

dimkaroski

По кратко и тешко боледување, во Словенија почина големиот промотор на македонската култура во дијаспората и низ светот, музичарот Љубен Димкароски, кој беше прва труба во Љубљанската филхармонија и основач и водач на групата „Пела“, со која ја промовираше македонската музика низ целиот свет.

Во последните години светот го запозна Димкароски како прв и едниствен изведувач на праисториска фрула, најстара фрула во светот, со која на музичката јавност ѝ покажа дека големите класици може да се отсвират на праисториска фрула.

Последните години од својот живот Димкароски ги помина во патувања и предавања по светот. Во неговото срце беше Македонија, македонската песна и македонската црква. Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи изразува длабока и искрена жалост што Република Македонија загуби голем македонски деец и промотор на македонската култура, се наведува во соопштението од Комисијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top