Полицијата излезе со детали за киднапирањето во Тетово. Половина час пред полноќ 33-годишната А.Ј. од Тетово пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг А.С. (31) од Тетово ја пресретнал додека одела пеш дома, ја тепал, киднапирал, ставил во возило и во манастирот „Св. Атанасиј“ ја натерал А.Ј. да му каже дека немала врска со никого.
Потоа заминале во селото Варвара и повторно ја однел во црква, каде физички ја нападнал, удирајќи ја во пределот на главата и телото. Потоа ја внел во багажникот и со возилото ја однел во нивниот поранешен дом, каде се обидел да ја задржи со цел повторно да бидат заедно. Во еден момент А.С. ја пуштил А.Ј. да си оди. Се преземат мерки за пронаоѓање на насилникот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст