Вчера западниот дел на Македонија беше зафатен од силно невреме проследено со дожд и грмотевици.
Најмногу дожд, 25 литри на квадратен метар, наврна во Тетово и во Пожаране. Во Маврово наврнаа 23 литри, во Скопје 13 литри, во Охрид 10 литри и Крушево шест литри на квадратен метар.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека нема пријавено оштетувања од невремето во Скопје. За тетовскиот регион информираат дека има поплавено обработливи и необработливи површини, што е резултат не само на дождот туку и на наглото топење на снегот на планините. Поплава на станбени објекти нема.
И денеска се очекува слично време во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.