Бебињата родени на гестациска возраст од помалку од 32 недели се сметаат за „многу предвремени“, додека бебињата родени со еден и пол килограм или помалку, се сметаат за новороденчиња со „многу ниска родилна тежина“.
Познато е дека бебињата што спаѓаат во некоја од овие категории имаат ризик за развојни проблеми. Со помош на неврологијата, истражувачите од Универзитетската болница во Бон, Оксфорд и други англиски универзитети одлучиле да изградат општ профил за карактерот на предвремено родените бебиња и бебињата со ниска родилна тежина.
Истражувачкиот тим анализирал и споредувал особини на личноста на две одделни групи на 26-годишна возраст. Првата група (200 луѓе) биле предвремено родени и/или со ниска тежина, додека втората група (197 луѓе) биле родени во термин и во рамките на нормалните граници на тежина. Учесниците од првата група биле следени како дел од Баварската лонгитудинална студија. Сите биле родени во периодот од јануари 1985 до март 1986 година во јужна Баварија, Германија и сите биле под лекарски надзор во првите 10 дена од животот. Нормалните бебиња биле родени во исти акушерски единици и служеле како контролна група во истражувањето.
Оценувани биле особините на личноста, на сега веќе 26-годишниците, во пет димензии: eкстраверзија- интровертност, емоционална стабилност – невротичност, совесност -импулсивност, пријателство-непријателство и отворен ум- затворен ум. Овие основни карактеристики најчесто се користат за опишување на личноста, а психолозите го користат тестот „Big Five Personality Traits“.
Наодите од истражувањето се следни:
Оние кои биле родени предвремено и/или со ниска тежина пријавиле значително повисоко ниво на однесувања од аутистичниот спектар, затвореност, невротичност, согласност и пониски нивоа на преземање ризик. Целиот овој кластер на црти е една „социјално повлечена личност” – некој кој лесно се загрижува, некој кој е помалку општествено ангажиран, помалку заинтересиран за преземање ризици и помалку комуникативен, велат истражувачите.
Тие шпекулираат дека овие деца се изложени на значителен стрес во неонаталната интензивна нега и тоа за возврат не влијае само на развојот на мозокот, туку и на нивните адаптивни способности. Додека растат, родителите им се премногу заштитнички.
Претходните истражувања покажаа дека на предвремено родените бебиња и/или бебињата со ниска родилна тежина им е потешко да се дружат, да најдат долгорочен партнери и да станат родители. Тие се со помала веројатност за високо образование или за добро платена работа.
Извор: е наука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст