| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас на одмор: „Ве молам заобиколете го ова сместување ако летувате во Будва“

На ден 06.08. сабота пристигнавме на летување во Будва, Црна Гора, две семејства – 4 возрасни лица и две деца.

Бевме во потрага по сместување, во тоа ни помагаше таткото на мојот пријател кој пред нас пристигна 5 дена и, секако не најдовме, па тргнавме на некое друго место во Црна Гора, меѓутоа се предомисливме и се вративме во Будва, каде го сретнавме таткото на мојот пријател кој ни најде сместување кое беше оддалечено на ½ минути од плажа, секако опремен максимално, телевизија, 2 бањи, балкон, дневна соба. Тоа беше зграда на 6 ката, а ние го добивме 4тиот.

Да напоменам цената беше 100 евра за двете семејства. Зградата имаше лифт, сигурносни камери, противпожарна врата. Во сместувањето не однесе локален дилер по име Брајко, салкохоличар и коцкар, а тоа веднаш ни падна во очи.

Со сите тие можности што ни беа понудени во цената од 100 евра на ден веднаш ја прифативме понудата, за два дена подоцна, кога се распакувавме и средивме, отидовме на плажа во 4 часот на пладне, бидејќи имавме малку проблеми со децата. На плажа се задржавме околу 2 и пол часа по што се вративме во отклучен и демолиран стан. Како да објаснам, претресен и сите пари што имавме повеќе ги немаше – пасоши, лични карти, таблет недопрен, значи само пари.

По пријавата ја повикавме шефицата по име Јованка, би рекол дека таа е многу безобразна како и сите во нејзино окружување, не се ни осуди да дојде веднаш, туку по еден час заедно со инспекторите од полициската станица во Будва, оставајќи зад себе сомнеж, бидејќи станот останал отклучен и некој знаел за тоа.

По толку инциденти бевме нападнати од оние кои ни го издадоа станот, за кој мислам дека само служи за превари и слично. Тука има неколку фотографии од станот и зградата. Ве молам заобиколете ја оваа зграда и овие луѓе на улица „29 ноември“ Сржентиќ Јованка за да не ви се случи вакво нешто што би ви го уништило одморот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top