| четврток, 6 декември 2018 |

Не залетувајте се – со празникот Богородица не следува продолжен викенд

bogorodica

Православните христијани в недела на 28 август го празнуваат големиот празник Успение на пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица.
Празникот Успение на пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од август според стариот календар, односно на 28. според новиот календар. Нему му претходи двонеделен богородичен или преображенски пост.

Празникот го слави успението, воскреснувањето и прославувањето на пресвета Богородица и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото, па и оттаму и називот успение, што значи искачување.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото притоа доживувајќи длабока старост.

Инаку празникот Голема Богородица е заштитник на сите христијани и на градот Скопје

Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото.

Традиционално, масовен црковно-народен собир се одржува во манастирот во Долна Матка, а освен вечерна литургија, духовна академија, полноќно бдеење, ќе има и културно-забавна програма.

Поради тоа што ова е верски празник, празникот не се поместува и понеделник е работен ден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top