50 години е цел животен век. А токму толку минало без да се видат Боб Фалк, Денис Пулео, Том Хенкс (не е актерот) и Боб Де Венеција.
Во 1966 година овие четири момчиња, американски морнари биле сместени во Сан Диего додека се подготвувале да заминат во виетнамската војна. Токму пред да заминат, направиле заедничка фотографија на плажа.
Тие низ годините загубиле контакт, расселени низ различни делови на државата. Боб Фалк бил оженет, створил семејство, сега е пензиониран и има време да размислува за минатото. Во стар фотоалбум ја видел старата фотографија и добил идеја, да се повтори оваа сцена!
Успеал да ги најде старите пријатели, сите во добро здравје и сите прифатиле да се најдат на истата плажа, да се потсетат на младите денови и да ја повторат истата фотографија.
Ветераните ги повториле истите пози како и пред 50 години. Боб морал да мине низ шест различни продавници за а најде совршена маичка на риги, како што имал пред 50 години. Косите се побелени, брчките се тука, а ниту стомачните мусклули веќе не се цврсти како некогаш. Но тие се исти луѓе.
-Тоа беше еден од најдобрите денови во мојот живот- вели Том, зборувајќи за денот кога овие четири мажи го минаа заедно делејќи ги своите животни приказни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.